ТФТ ја заврши работата, Кожув и Пелистер остануваат во игра

Екипата на ТФТ му се придружи на МЗТ Скопје како втор финалист во плејофот од македонското кошаркарско првенство.

Во третиот меч од серијата со Чаир, тимотод Тафталиџе славеше како гостин со 70-64 и со максимални 3-0 продолжува во следната фаза. ТФТ го диктираше темпото цел натпревар, во ниеден момент не беше во негатива, а максималната предност изнесуваше 18 поени разлика. Во финишот Чаир се доближи на 64-66, но не успеа да направи пресврт. Зафиров со 14 поени беше најефикасен кај ТФТ, но се истакна и Браун со 10 поени и 12 скока. Мофит со 23 поени беше прв стрелец на Чаир.

За разлика од ТФТ, екипите на Работнички и МКК Куманово не успеаја да направат брејк и да ги завршат своите серии. Пелистер му се одмазди на Работнички за дебаклот во неделата, совладувајќи го со 101-77 за намалување на 1-2, додека Кожув по продолжение го победи МКК Куманово со 90-86.

Четвртите натпревари од сериите се играат во текот на викендот, повторно на терените на Кожув и Пелистер. ТФТ и МЗТ Скопје веќе обезбедија пласман во полуфиналето и ќе ја чекаат разврската на останатите четвртфинални дуели.