Шок на Монжуик: Турам погоди по 30 секунди (ВИДЕО)

Тукушто почна натпреварот, а Интер веќе има предност од 1-0 на гостувањето кај Барселона, во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Голот го постигна Маркус Турам по само 30 секунди игра по една акција во која одбраната на Барса покажа невидена конфузија. Турам прво изби сам на противничката половина, се обниде да го проигра Лаутаро, домаќините избија, но од втора шанса, на асистенција на Дамфрис, Французинот сепак погоди на атрактивен начин. Киксираше Ињиго Мартинез кој се лизна додека топката патуваше кон Турам.

Интересно е тоа што Маркус како дете играше во Ла Масија, а неговиот татко Лилан Турам беше фудбалер на Барселона од 2006 до 2008 година и тоа беше негов последен клуб во кариерата.