Ѓоковиќ: Се надевам на полуфинале против Алкараз во Мадрид

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред почетокот на мастерсот во Мадрид присуствуваше на доделувањето на наградата „Лауреус“ за најдобрите спортисти.

Ѓоковиќ според проектираната ждребка би можел да се соочи со Алкараз во полуфинале на турнирот, а токму такво сценарио сака и Србинот.

„Се надевам дека ќе стигнам до полуфиналето и ќе се борам со Алкараз затоа што сакам да бидам во најдобра форам“, кажа Ѓоковиќ.

Србинот во првото коло е слободен, додека во второто игра против подобриот од мечот меѓу Арналди и квалификант.