
Де Брујне: Изненаден бев одлуката на Сити да не продолжиме заедно!
Неговиот актуелен договор истекуваше по крајот на оваа сезона, но Сити одлучил да не ја продолжи соработката со него.
„Не добив понуда од Сити, немаше разговори за нов договор последните 12 месеци. Јасно е дека клубот ја донел таа одлука и јас морав да ја прифатам“, изјави Де Брујн за медиумите, додавајќи:
„Изненаден сум, затоа што верувам дека сè уште можам да играм на врвно ниво. Не сум веќе на 25 години, но точно знам што ми е работата на теренот. Сити така одлучи“.
Белгиецот зад себе остава импресивна листа на трофеи со „граѓаните“ – шест титули од Премиер лигата, како и трофеј од Лига на шампиони освоена во 2023 година.
Следната дестинација на Де Брујне засега е неизвесна, но шпекулациите го поврзуваат со трансфер во МЛС или во богатата Саудиска Арабија.