Хулиган погоди судија со паричка по глава, па веднаш беше – притворен (ВИДЕО)

Синоќешниот натпревар од француската Лига 1 помеѓу Сент Етјен и Лион беше речиси еден час во прекин поради инцидент во кој беше повреден еден од помошните судии.

Инцидентот се случи во 44. минута, кога навивач со паричка го погоди судијата крај аут-линијата. Медицинскиот тим на Лион веднаш му пружи помош на повредениот делител на правдата, по што играчите ги напуштија теренот. Натпреварот беше продолжен по 40-минутен прекин. Сент Етјен славеше со 2-1, обезбедувајќи важни бодови во битката за опстанок. По завршувањето на натпреварот, клубот соопшти дека полицијата го уапсила сторителот при неговото излегување од стадионот.

Осомничениот и понатаму се наоѓа во полициски притвор, а Сент Етјен најави дека ќе поднесе официјална пријава против него и ќе соработува со властите за да се обезбеди соодветна казна за неговиот хулиганизам. Видеото од инцидентот може да го погледнете ТУКА.