
Приведени се фудбалери на Гостивар, управата ги чека пред полициска станица!
По мечот меѓу Струга и Гостивар кој заврши нерешено 1-1 се сучи вистински хаос. Фудбалерите на двата тима приредија трето полувреме во кое физички се пресметаа.
Гостивар сега информира за приведени нивни фудбалери кои уште се во полициската станица во Струга.
„Тројца наши фудбалери и еден член на стручниот штаб се приведени во полициската станица во Струга веќе пет часа. На нив не им е дозволено да се видат со нивните сопруги или соиграчи. Управата и нашиот спортски директор со часови чекаат на ладното пред полициската станица да добијат вести од полицијата“, стои во соопштението на Гостивар.