Ужасен месец за Мбапе, неговиот клуб испадна во трета лига!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе нема по добро да го памети април затоа што доживеа неколку неуспеси.

Французинот испадна со „кралевите“ од Лигата на шампиони (ЛШ), има голема негатива зад Барселона во Ла Лига, а сега испадна и тимот каде што инвестираше.

Каен во минатото беше стабилен прволигаш, меѓутоа вчера ги загуби шансите да избори опстанок во Лига 2, па така од следната сезона ќе се натпреварува во понизок ранг.

Мбапе во јули минатата година купи 80 отсто од акциите на францускиот клуб за 15 милиони евра.