
Шокантни детали од сообраќајката во која загина хрватски фудбалер
Фудбалерот загина во тешка сообраќајка која се случи кај градот Карловац, а сведоци на несреќата откриваат детали како се случила трагедијата.
Според изјавите на еден од сведоците на несреќата, истата била предизвикана од несовесен возач кој се обидувал да претекне неколку возила, по што директно се судрил со автомобилот на Покривач.
„Ние бевме во третото возило за време на несреќата. Нас нè претекна тој човек и потоа сакаше да го помине и возилото пред мене. Во тој момент налета БМВ-то и се судрија директно. Потоа нè закачи и нас. Ужас. Имавме мало дете со нас во автомобилот. За среќа сите сме живи“, кажа возачот на едно од возилата.