Мемфис го прегази Далас, а Мајами преку Аталанта обезбеди плејоф во НБА

Кошаркарите на Мемфис гризлис го совладаа Далас маверикс со 120-106, додека Мајами хит беше подобар од Атланта хокс со 123-114 во последните плеј-ин натпревари.

Далас ги разочара своите навивачи, иако на теренот расположен беше Ентони Дејвис со 40 поени, додека Клеј Томпсон постигна 18 поени.

Мемфис до победа беше предводен од Џерен Џексон со 24 поени, додека по 22 поени постигнаа Џа Морент и Бејн.

Во плејофот се пласира и Мајами хит кој по продолженија ја совлада Аталанта хокс со 123-114.

Паровите во плејофот може да се погледнат во продолжение.