Ван дер Варт „распали“: Рудигер е идиот! (ФОТО)

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Рафаел Ван дер Варт го нападна дефанзивецот Антонио Рудигер поради неговите настапи против Арсенал во Лигата на шампиони (ЛШ).

Ван Дер Варт го критикуваше германскиот репрезентативец, кој го згазна Луис-Скели на мечот со Арсенал, но се спаси од казна.

„Сите мислиме дека Рудигер намерно го згазна противникот. Играше во Штутгарт кога јас бев во Германија. Ме удри во стомакот и веднаш доби црвен картон. Тој е идиот“, кажа Ван Дер Варт.