Само десет минути му требаа на Јунајтед да го пробие Лион (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед повторно има гол предност против Лион откако по само десет минути игра поведе во реваншот.

Стрелец на голот беше Угарте, но нему му остана најлесната работа откако претходно се му завршија Мазрауи, Бруно Фернандес и Алехандро Гарначо. Акцијата течеше по десната страна, Фернандес и Гарначо проиграа, Аргентинецот по земја сврте во петерецот, а таму се наоѓаше Угарте да ја забие топката во мрежата.

Јунајтед сега води со вкупни 3-2 и има резултат кој го носи во полуфиналето од Лигата Европа.