
Омерагиќ беше домаќин на раководствотo на Црвенa Звезда
На средбата во „Куќата на фудбалот“ беа присутни Звездан Терзиќ и Светозар Мијаиловиќ од Црвена Звезда, како и спортскиот директор на Вардар, Игор Ивановски.
Омерагиќ изрази благодарност за поддршката и гестот што српскиот тим го даде за настраданите во пожарот во Кочани.
„Ни беше чест да бидеме домаќини на раководството на Црвена Звезда - еден од најдобрите клубови на нашите простори, но исто така, клуб што отсекогаш бил поврзан со македонскиот фудбал и народ. Црвена Звезда не е само спортски гигант, туку и модел на организација и професионализам кој треба да се следи. Доколку сакаме македонскиот фудбал да се доближи до европските стандарди, мора да учиме од најдобрите во регионот и да градиме партнерства. Пријателските односи се од клучно значење за иднината на нашиот фудбал“, кажа Омерагиќ.