Нов предизвик за младинците на Пелистер - ќе дебитираат против Кјелце во ЛШ

Младиот тим на македонскиот шампион Пелистер ќе се натпреварува во младинската Лига на шампиони (ЛШ), каде што во полуфинале денеска од 15.30 часот ќе се судри против полски Кјелце.

Натпреварот меѓу младинците на битолската екипа и на полскиот гигант ќе се соочат во групата 4 во Букурешт, каде што уште се и Висла Плоцк и Динамо Загреб кои го играат второто полуфинале.

Групната фаза во младинската ЛШ се игра од 17 до 19 април, а победниците од групите ќе се пласираат на младинскиот завршен турнир во Келн.