
Гостите доминираа, заврши сезоната за Чикаго и Сакраменто (ВИДЕО)
Мајами триумфираше со 109-95 и за место во плејофот ќе се бори со Атланта Хоукс. Одлучи фантастичното прво полувреме кое гостите го добија со 71-47, а во натамошниот дел од мечот Чикаго не успеа да се доближи на помалку од 13 разлика.
Тајлер Хиро со 38 поени беше најефикасен на мечот, а на Чикаго не му помогнаа ни одличните Гиди и Вучевиќ кои остварија дабл дабл.
Далас го изненади Сакраменто, совладувајќи го со 120-106 и за осмото место на Западот ќе игра против Мемфис. Решавачка беше втората четвртина која му припадна на Мавс со 44-19 по што Сакраменто беше тотално безопасен.
Ентони Дејвис го предводеше тимот на Далас со 28 поени и 9 скока, додека Демар Дерозан беше најефикасен на натпреварот со 33 поени.
Последните натпревари од плејинот се играат в сабота, рано наутро по средноевропско време по што своите противници ќе ги добијат Оклахома и Кливленд.
фото: EPA PHOTO