
Гачевски: Вардар е најголем тим и заслужува да игра поголеми натпревари!
Гачевски кажа дека се надева во иднина дека Вардар ќе игра повторно пред голем број навивачи, но за убави работи.
„Сакам да изразам сочувство од нашиот клуб до семејствата за настраданите во Кочани, знаеме дека за нас како нација ова беше една голема трагедија и сакам да оддадам голема благодарност за организацијата на овој настан и за навивачите што присуствуваа. Нека не се случи повторно таков настан, нека се случуваат убави работи и да не собираме за вакви настани. Вардар е најголем клуб и заслужува да игра поголеми натпревари“, кажа Гачевски.