Навивач го нападна Зверев: Ајде напред, ти што тепаш жени! (Видео)

Александер Зверев се пласира во полуфинале на турнирот во Минхен, откако славеше против Талон Грикспор, меѓутоа натпреварот го одбележа непријатна сцена.

При резултат 5-5 во вториот сет, еден од навивачите му дофрли на Зверев.

„Ајде напред, ти што тепаш жени“, викна навивачот од трибините.

Зверев беше обвинет од неговите поранешни партнерки Олја Шарипова и Бренда Пате дека Германецот ги тепал.