Вардар загуби од Црвена Звезда во хуманитарниот меч во Скопје (ФОТО+ВИДЕО)
Дуарте прв се закани кон голот на „црвено-црните“, но Гачевски беше на висина на задачата, по што Михаил Маневски со прекрасен удар донесе водство на Вардар и голот му го посвети на загинатиот фудбалер Андреј Лазаров.
Ц. Звезда во само неколку минути во финишот на првото полувреме успеа да направи целосен пресврт со погодоците на Илиќ и Катаи. Победата на српскиот гигант ја потврди Слепчевиќ во вториот дел кога реализираше за конечни 3-1.
На стадионот беа присутни околу 25.000 навивачи, а целта на хуманитарниот меч беше да се соберат финасиски средства за настраданите во пожарот во Кочани, каде што животот го загубија 61 лице, а над 150 беа повредени.