Судијата се избламира со смешен пенал за Реал - го спасија од ВАР (ВИДЕО)

Реал Мадрид остана без пенал по реакцијата на ВАР-собата, откако главниот судија Франсоа Летексие покажа на белата точка поради прекршок врз Килијан Мбапе.

Ситуацијата беше навистина комична поради тоа што Мбапе падна без посериозен контакт, а притоа беше далеку од топката, по што судијата ја погледна ВАР-снимката и ја промени одлуката, односно „кралевите“ останаа без пенал.