Бобан го избра новиот тренер на Ристовски и Адеми

Легендарниот Звонимир Бобан се врати во Динамо Загреб, кој веднаш ја добил првата задача да пронајде нов тренер на хрватскиот гигант по отказот на Фабио Канаваро.

Бобан наводно сака да го ангажира Игор Бишќан, кој во минатото беше и фудбалер и тренер на Динамо Загреб.

Бишќан замина од гигантот од Загреб во 2023 година, а во кариерата тренираше уште неколку екипи, меѓу кои се Ал Шабаб и Ал Ахли.

Динамо на седум кола пред крајот се наоѓа на третата позиција со 49 бодови, односно седум помалку од лидерот Риека и шест помалку од Хајдук.