„Кочани, Кочани“ ечи од градскиот стадион во Скопје (ВИДЕО)

Навивачите на Вардар направија спектакуларна кореографија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Тие испишаа „благодарам“ на сите јазици на тие кои ни помогнаа по пожарот во дискотеката „Пулс“.

Атмосферата беше навистина спектакуларна на градскиот стадион, каде што ечеше „Кочани, Кочани“ во чест на загинатите во пожарот.