Маневски постигна прекрасен гол и му го посвети на Андреј Лазаров (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар водат со 1-0 против Црвена Звезда во хуманитарниот меч на Националната арена „Тодор Проески“.

Маневски имаше одличен пробив од левата страна на теренот, по што упати прекрасен удар и ја затресе мрежата на српскиот шампион, а потоа погодокот му го посвети на загинатиот фудбалер во пожарот, Андреј Лазаров.