
Милер останува во Европа: Добил понуда од Серија А?
Милер заминува, но нема да стави крај на кариерата, меѓутоа засега не е познато каде ќе продолжи. Најчесто со неговото име се поврзуваа клубови од МЛС лига и Блискиот исток, наводно Лос Анџелес ФК е најголемиот фаворит, меѓуоа се споменуваат и екипи од Европа.
Денеска медиумите во Италија пишуваат дека опција за германскиот ветеран е и Фиорентина која верува дека фудбалер од калибарот на Милер сигурно може да им помогне.
Во текстот за Милер се потсетува и дека клубот од Фиренца во минатото знаеше да се засилува од Баерн, последни беа Рибери и Марио Гомез.