
Хари Кејн можел да заврши во Италија и тоа во клуб кој денес е четвртолигаш!
Станува збор за Ливорно кој во сезоната 2012/2013 успеа да се пласира во Серија А и беше во потрага по напаѓач.
Кејн во тоа време играше во Лестер на позајмица од Тотнем и постигна 15 голови во англискиот Чемпионшип.
„Почувствувавме тогаш дека може да биде добро засилување. Беше понуден од страна на агентите. Подготвивме договор, претседателот Спинели се согласи, сакавме да го доведеме на позајмица со право на откуп“, изјави Армандо Пичи кој во тоа време беше во Ливерпул.
Била договорена позајмица со право на откуп од 500.000 евра.
„Веднаш на сите ни се допадна, меѓутоа преговорите отидоаа предалеку во тоа време“, изјави Пичи.
Ливорно денеска се натпреварува во Серија Д каде што е првопласиран, па така наредната сезона најверојатно ќе се натпреварува во еден ранг погоре, Серија Ц.