Најубавата спортска двојка шокира: Швајнштајгер и Ивановиќ се разведуваат

По девет години во брак, поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер и поранешната тенисерка Ана Ивановиќ одлучиле да се разведат, тврдат германските медиуми.

Наводно, двојката не живее заедно веќе два месеца, Швајнштајгер се преселил во Минхен каде работи на неколку проекти, додека Ивановиќ е во Белград со своите три сина Лука, Леон и Тео. Од нив се уште нема официјална информација за разделбата, но медиумите тврдат дека причините се стрес, честите патувања, различните локации на кои функционираат и недостатокот на семеен живот.

Швајнштајгер често патува низ светот бидејќи работи како телевизиски консултант на фудбалски натпревари, а има проекти и во Минхен кои често го одвојуваат од семејството. Ивановиќ ја жртвуваше кариерата за да му се посвети на семејството бидејќи веќе една деценија не е активна и таа во моментов се грижи за децата. Долго време тие важеа за најубава спортска двојка, а за нивниот брак сите мислеа дека е идиличен и дека нема никогаш да заврши.