
Перез им ветил огромна премија на фудбалерите ако го „размонтираат“ Арсенал!
Според шпанските медиуми, премијата би можела да изнесува по неколку стотици илјади евра по играч, слично како и во претходните случаи кога клубот имаше големи успеси во елитното европско натпреварување. За потсетување, по победата над Атлетико Мадрид на пенали во осминафиналето, секој играч инкасираше по 250.000 евра, а минатата сезона за освојувањето на титулата во ЛШ беа исплатени дури 900.000 евра по фудбалер. Со бонусите за секоја претходна фаза, вкупната заработка тогаш надмина два милиони евра по играч.
Но, за да дојдат до нова богата награда, „кралевите“ мораат да направат подвиг и на „Сантијаго Бернабеу“ да го надоместат тешкиот пораз од првиот меч против Арсенал. Иако задачата делува речиси невозможна, Реал Мадрид и претходно има покажано дека знае како се играат вакви натпревари – со многу срце, борбеност и, понекогаш, доза магија.
Навивачите и клубот се надеваат дека историјата ќе се повтори и дека уште еднаш ќе бидеме сведоци на едно од оние легендарни европски враќања.
ФОТО: EPA PHOTO