
Анчелоти ќе добие отказ доколку Реал не го елиминира Арсенал!?
„Кралевите“ загубија со 0-3 од Арсенал на „Емирати“, па во реваншот ќе се обидат да направат чудо, иако мала е веројатноста за такво сценарио.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез наводно одржал состанок со Анчелоти на кој разговарале за иднината на тренерот.
Медиумите откриваат дека Анчелоти ќе замине од кормилото на крајот од сезоната доколку биде елиминиран од Лигата на шампиони (ЛШ), а како негов наследник се споменува Чаби Алонсо.