Тренерот на Њукасл заглави во болница, има пневмонија!

Еди Хaу ќе се задржи во болница каде се опоравува од пневмонија односно воспаление на белите дробови.

Тој не го водеше Њукасл на дербито против Манчестер јунајтед кое неговиот тим го доби со 4-1.

Информациите велат дека со сигурност ќе ги пропушти и мечевите против Кристал Палас и Астон Вила.

Доколку опоравувањето се одвива според прогнозите, би требало да се врати по овие два дуели.