
Ван Дајк го израдува Енфилд: Ливерпул на пет бода од шампионската титула (ВИДЕО)
Голот за победа го постигна Вирџил ван Дајк во 89. минута откако три минути претходно Робертсон си постигна автогол. Во првото полувреме, резултатот го отвори Луис Диаз, па овој меч беше еден од ретките сезонава на кој во листата на стрелците не се запиша Мохамед Салах иако тој му асистираше на Колумбиецот.
Со оваа победа, Ливерпул му избега 13 бода на второпласираниот Арсенал. Тоа значи дека во последните шест кола, на „црвените“ им се потребни пет бода за да ја освојат 20. шампионска титула со што би се израмниле со рекордерот Манчестер Јунајтед.
Во останатите натпревари од терминот од 15 часот, Челси направи голем кикс, играјќи 2-2 со Ипсвич со што падна на петтата позиција на табелата и си ги загрози шансите за пласман во Лигата на шампионите.