
Битола ќе „гори“: Алкалоид бара одмазда против Пелистер
Шампионот запиша две победи во плејофот, против Тиквеш и Охрид, па ќе го „лови“ третиот триумф во Суперлигата против ривалот за титулата, Алкалоид кој има една победа и еден пораз по две одиграни кола.
Екипата од Автокоманда ќе бара одмазда за поразот од пред два месеци, кога загубија со 20-33 против Пелистер, но Алкалоид ќе има тешка задача затоа што Пелистер ќе добие голема поддршка од публиката.
Дербито меѓу Пелистер и Алкалоид се игра од 18 часот, а во истиот термин ќе се соочат и Тиквеш и Бутел.