Страшен судир на Мењан и Хименез - голманот на носилки изнесен од теренот (ВИДЕО)

Милан вечерва гостува кај Удинезе во првиот натпревар од 32. коло во Серија А, а натпреварот го одбележа тешкиот судир на двајцата фудбалери на „росонерите“, Мајк Мењан и Алекс Хименез.

Во 55. минута, францускиот голман го напушти својот простор и излезе да интервенира, но ја пропушти топката и се судри со играчот од средниот ред. Двајцата останаа да лежат на теренот, но очигледно дека Мењан поминал полошо затоа што неколку минути подоцна беше изнесен на носилки од теренот.

Милан веднаш излезе со соопштение дека состојбата на голманот е стабилна и дека тој свесен е однесен в болница.