Стефано Пиоли се враќа во Серија А!?

Поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли е блиску до договор со Рома, пишуваат италијанските медиуми.

Според „Ла Република“, Рома и Стефано Пиоли се во завршни преговори кои се прогнозира дека ќе завршат успешно.

Пиоли во моментов е тренер на Ал Наср, но наводно сака да му се врати на европскиот фудбал.

Челниците на Рома сметаат дека тој би бил идеално решение за нов тренер на тимот од наредната сезона.

Наводно, на Пиоли му се допаднало тоа што му било презентирано од Рома и сака да се приклучи на проектот.

Веќе неколку имиња се поврзуваа со тренерската функција во Рома, па останува да се види дали навистина изборот паднал на Пиоли.