Еуфорија во Ливерпул: Салах го продолжи договорот, останува и Ван Дајк

Двете најголеми ѕвезди во тимот на Ливерпул, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк остануваат во тимот.

Утринава, навивачите на клубот од Енфилд добија фантастични вести дека двајцата фудбалери прифатиле нови договори и се обврзале на повеќегодишна верност. Салах ја продолжил соработката со Ливерпул до 2027 година, а во истиот период, член на „црвените“ ќе биде и Ван Дајк кој само треба да стави потпис на договорот.

 

 

Ако го одработи договорот до крај, Салах ќе комплетира една деценија во еден од најтрофејните англиски клубови, додека Ван Дајк дојде половина година подоцна од него, но последните сезони е капитен на екипата.