Рома е многу блиску до договор со новиот тренер!

Клаудио Раниери работи одлично во Рома и успеа да го стабилизира клубот по лошите резултати кои ги имаше „волчицата“ со Де Роси и Иван Јуриќ.

Во таква ситуација, Рома сакаше искусниот стратег да продолжи да го води тимот и во наредната сезона, меѓутоа Раниери остана да се држи до првиот договор.

Раниери потврди дека тој во наредната сезона ќе иима улога само на советник, но исто така нагласи и дека договорот со новиот тренер е многу блиску, иако не го откри неговото име.

„Многу сме блиску до договор со новиот тренер. Кога ќе го доведеме јас ќе бидам советник, а не заштитник. И ако не чувствувам дека сум важен, ќе заминам. Тоа е најмал проблем. Во овој момент ми изгледа дека сум во центарот на проектот, така и се однесувам. Кога новиот тренер ќе дојде, ќе го оставам да си ја работи работата.За имињата на тренерите не одлучувам јас, тоа го прават сопствениците. Јас само ја направив листата кандидати“, изјави Раниери.