
Иванишевиќ пред нов ангажман?
Според информациите на грчката „Газета“ хрватскиот стратег ќе стане нов тренер на тенисерот Стефанос Циципас, осмиот тенисер во светот.
Грчките медиуми пренесуваат дека новата функција, Иванишевиќ ќе ја преземе по завршувањето на Ролан Гарос.
Циципас во еден момент од својата кариера стигна и до третата позиција на АТП листата и има два настапи во финалињата на грен-слем турнирите. На Австралија Опен во 2023 година изгуби од Новак Ѓоковиќ, а српскиот тенисер го победи и во финалето на Ролан Гарос во 2021 година.
Иванишевиќ во меѓувреме по работата со Ѓоковиќ беше тренер и на Елена Рибакина, но таа соработка кратко траеше.
🚨
— Olly Tennis 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) April 10, 2025
👏 WOW! Goran Ivanisevic will become Stefanos Tsitsipas’s new coach after Roland Garros! 💥
🗣️ https://t.co/mm4E0udpDb
📸 Kelly Defina pic.twitter.com/0rlIX9ZxlU
Фото: EPA PHOTO