Олимпијакос со многу мака го потврди првото место во Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос триумфираа против Макаби Тел Авив со 99-93 во последното коло од групната фаза и го потврдија првото место во Евролигата.

Макаби Тел Авив се покажа како незгоден противник, меѓутоа грчкиот тим успеа да ја запише 24. победа во елитното натпреварување.

Најефикасен во победничкиот состав беше Форние со 27 поени, додека Вилијамс запиша 17 поени за Макаби.

Фенербахче беше подобар од Баерн Минхен со 89-77 и со тоа ја освои втората позиција од која оди во плејофот на Евролигата. Најефикасен во победничката екипа беше Хејс со 22 поени.

Фото: EPA PHOTO