Партизан ја распродаде салата и за мечот кој – ништо не им значи!

Кошаркарите на Партизан вечерва ќе го пречекаат Реал Мадрид (20.30 часот) во меч од последното коло од Евролигата, кој ќе се одигра пред распродадени трибини во белградската „Штарк Арена“.

И покрај тоа што „црно-белите“ веќе ги загубија шансите за пласман во плеј-ин фазата на елитното европско натпреварување, интересот на навивачите не опаѓа – арената ќе биде исполнета до последно место. Ова е само уште еден доказ за голема љубов и поддршка која црно-белите ја добиваат од верните Гробари, дури и во ситуацијата кога резултатите се ептен лоши.

Партизан моментално се наоѓа на 11. место на табелата со 16 победи и 17 порази, додека Реал Мадрид е на седмата позиција со скор од 19 победи и 14 порази.

ФОТО: EPA PHOTO