
Бомба од слободен удар на Рајс, Куртоа конечно капитулира (ВИДЕО)
Куртоа имаше неколку извонредни интервенции, во една акција дури два пати одбрани, но не можеше против бомбата што ја упати Деклан Рајс од слободен удар.
Фудбалерот на Арсенал изведе мајсторија, топката имаше неверојатна траекторија и покрај тоа што ударот беше силен, помина покрај живиот ѕид и заврши во мрежата на Реал.