Акција како по ноти - Лаутаро погодува, Интер води (ВИДЕО)

Екипата на Интер го постигна првиот гол во полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите.

„Нераѕурите“ водат на гостувањето кај Баерн по 38 минути игра, а стрелец е најдобриот голгетер на овој тим Лаутаро Мартинез.

Акцијата беше фантастична, ја почна токму Лаутаро на центарот на теренот, а најважниот потег го имаше Маркус Турам кој на атрактивен начин му ја остави топката на Аргентинецот, овозможувајќи му чиста позиција да ја затресе мрежата на Баерн.