
Шок пред плејофот: Јокиќ остана без тренер!
Екипата на Никола Јокиќ се наоѓа во резултатска криза и запиша четири порази по ред, а очигледно тоа предизвика задоволство во редовите на Денвер, кој реши да се раздели со Мелоун.
Информацијата ја објави познатиот новинар Шемс Чаранија, а истата е изненадувачка со оглед на тоа дека оваа одлука доаѓа во самата завршница на регуларниот дел од сезоната.
Мелоун го тренираше Денвер од сезоната 2015/16, а стигна до плејофот на секоја од претходните шест сезони при што ја освои титулата во 2023 година.
BREAKING: The Denver Nuggets have fired coach Michael Malone, sources tell ESPN. pic.twitter.com/bZoKRx6kgt
— Shams Charania (@ShamsCharania) April 8, 2025
ФОТО: EPA PHOTO