Анчелоти го објави составот со кој ќе го нападне Арсенал (ФОТО)

Реал Мадрид вечерва гостува кај Арсенал на „Емирати“ во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), а Федерико Валверде ќе добие необична улога.

Тренерот Карло Анчелоти реши да го постави Валверде како десен бек во дуелот против „топчиите“, иако тоа не му е примарна позиција, но по потреба знае да помогне во одбраната.

За „кралевите“ во Лондон ќе настапат Куртоа, Валверде, Асенсио, Рудигер, Алаба, Модриќ, Камавинга, Белингем, Родриго, Мбапе и Винисиус Жуниор.