
Катастрофално судење во Струга, Гостивар и Кавадарци, судиите добија негативни оценки!
Според анализата, на Пелистер неоправдано му бил доделен црвен картон, а исто така не било покажано исклучување за Кривањева од редовите на Струга.
„Пропуштено да се додели црвен картон на домашниот играч со бр.27 (Кривањева), за намерно удирање со подигната нога во телото на противнчкиот играч кога истиот нема можност да игра со топката, за стартот главниот судија додели само жолт картон.
На интервенција на четвртиот судија погрешно (непотребно) доделен втор жолт картон на гостинскиот играч бр.70 (Филип Бошковски), со што гостинската екипа второто полувреме го играше со играч помалку“, стои во објаснувањето за мечот Струга - Пелистер (4-1).
Гостивар, исто така, добил црвен картон неоправдано за Мбемба.
„Играч на домашната екипа е во полн трк и со отворен простор кон гостинскиот казнен простор. Веднаш по влегувањето во казнениот простор е фаулиран од одбранбен играч кој со лизгачки старт се обидува да игра со топката, но не успева и го сопнува напаѓачот кој е во очигледна шанса за гол. Исправна одлука на главниот судија, кој без размислување досудува казнен удар, но прави очигледна грешка, бидејќи го исклучува играчот кој го прави прекршокот наместо да го опомене“, се вели за дуелот меѓу Беса и Гостивар (2-1).
Додека Тиквеш е оштетен во две ситуции, и тоа за постигнат гол, но и Шкендија постигнала погодок по игра со рака.
„Играчот со бр. 9 на домашната екипа доаѓа до една центрирана топка од негов соиграч, не успева да задржи контрола над топката, реагира несмасно и паѓа. Во истиот момент топката доаѓа до неговиот соиграч со бр. 77. Во моментот кога играчот со бр. 77 шутира кон противничкиот гол, главниот судија ја прекинува играта, досудува индиректен слободен удар заради симулирање на прекршок, а шутот на домашниот играч со бр. 77 во истиот момент завршува во противничкиот гол.
Гостинската екипа започнува акција длабоко од нивната половина на теренот. Додадена е долга топка до гостинскиот напаѓач со бр. 7. Домашниот одбранбен играч со бр. 5 стигнува прв до топката и пробува да ја избие, но во моментот на избивање топката завршува во раката на гостинскиот напаѓач со што истиот всушност ја смирува и ја исконтролирува топката пред себе, се здобива со предност во фазата на нападот, непречено ја проигрува до својот соиграч со бр. 77, кој го постигнува првиот и единствен гол на натпреварот“, се објаснува за натпреварот Тиквеш – Шкендија (0-1).
Целосната судиска анализа може да се погледне ТУКА.