
Тер Штеген сака да се врати на гол, но за Флик е - втор избор!
Тер Штеген имаше тешка повреда, па поради тоа Барселона го ангажира Војчех Шчесни кој стана главен меѓу стативите на гигантот и тренерот Ханси Флик не планира да го менува.
Шпанските медиуми пишуваат дека Флик е среќен што Тер Штеген се враќа во составот, но за него во моментов е втор избор.
Германскиот чувар на мрежата ќе добие шанса на голот на Барселона во Ла Лига само доколку биде решена трката за титулата многу порано, односно резултатите во преостанатите кола не се важни за клубот.