
Брера по поразот од Вардар остана без тренер, па назначи нов тренер пред - дуелот со Вардар!
Стојанов ја презема функцијата откако неговиот претходник Тони Атанасов си поднесе оставка пред два дена, и тоа по поразот токму од Вардар. Тој досега беше помошник тренер и заедно со Атанасов го водеше тимот низ досегашниот дел од сезоната. Станува збор за 49-годишен стручњак, кој е познато име во македонскиот фудбал. Како фудбалер има настапувано за неколку клубови, меѓу кои Силекс, Беласица, Ренова, Хоризонт Турново и Работнички. Во тренерската кариера има работено со младинските категории на Брера, а во 2018 година го водеше и сениорскиот тим во своето деби во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Брера Струмица моментално се наоѓа на последната позиција на табелата со 21 бод, еден помалку од Воска и Тиквеш. Главната цел на тимот во продолжението од сезоната ќе биде обезбедување на опстанок во елитата.