
Мбапе откако доби 100 милиони за потпис: Во Реал Мадрид дојдов од љубов, а не за пари!
Францускиот напаѓач доби 100 милиони евра бонус за потпис и годишна плата од 32 милиони евра, но вели дека срцето го водело кон Мадрид.
„Сакав да играм за Реал и изборот помеѓу клубот и парите не беше тежок. Пари се важни во животот, сакам да се погрижам за моето семејство, но најважно е да бидам среќен“, изјави Мбапе.
Неговата изјава предизвика бројни саркастични коментари на социјалните мрежи. Навивачите не ја пропуштија шансата да ја иронизираат неговата наводна „жртва“ за дресот на Реал Мадрид.
„Нема шанси да го кажал ова! Сите знаат дека кога потпишуваш за Реал, семејството ти оди кон банкрот“, напиша еден корисник.
„Навикнат е на апсурдни суми пари, па веројатно искрено мисли дека договорот со Реал е ситница“, додаде друг.
„Да, тешко е да се живее со 500.000 евра неделно, но барем си среќен“, беше уште еден од коментарите.
Други пак, со иронија го нарекоа „скромен и приземен момак“, а некои се пошегуваа дека дури не знаел дека му биле префрлени 100 милиони, сè додека не ги видел на сметка неколку месеци подоцна.
ФОТО: EPA PHOTO