Се огласи таткото на Јовиќ: Само под еден услов ќе остане во Милан

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ започна да прикажува подобри насапи во дресот на Милан, па поради тоа го привлече и вниманието на себе и за него често пишуваат италијанските медиуми.

„Газета дело Спорт“ пишуваше за можноста да се случи пресврт и Јовиќ да остане во Милан, иако го поврзуваше и со турските клубови Бешикташ и Трабзонпор.

Набрзо интересот од турските клубови го прокоментира таткото Јовиќ, Милан во разговор за „Република“. Според него Јовиќ може да остане, но само ако се случат одредени промени.

„Точно е. Може да остане во Милан, но само ако се променат одредени работи во внатрешноста на клубот. Поинаку во никој случај“, категоричен беше Милан Јовиќ.

Сезонава Јовиќ запиша само девет настапи во Серија А во кои постигна два гола.

ФОТО: EPA PHOTO