
За Лестер дебитираше 15-годишник, мораше да настапи во различен дрес
Сите три гола гостите ги постигнаа во првото полувреме. Два постигна Јакоб Марфи во 2. и 11. минута, додека еден беше дело на Харви Барнс во 34.со што „лисиците“ останаа последни со само 17 бодови.
Тренерот на Лестер, Руд Ван Нистелрој вечерва му даде прилика на 15-годишникот Жереми Монги кој во 74. минута влезе на местото на Билал Ел Канус. Младиот фудбалер дебитираше за „лисиците“ на само 15 години и 271 ден со што стана вториот најмлад фудбалер кој настапил во Премиер лигата, помлад од него е само Етан Нванвери од Арсенал кој настапи со 15 години и 181 ден.
Но, Монги мораше да настапи и во различен дрес од неговите соиграчи. Бидејќи е малолетен не смееше да го носи логото на водечката онлајн компанија за игри на среќа која се рекламира на дресот на англискиот клуб, па така на неговиот дрес не стоеше ништо.