Ѓорческа го надополни поразот на Стоилковска, со Норвешка ќе решава мечот во двојки!

По стартната победа над Јужна Аафрика, Македонија денеска на Били Џин Кинг Купот во Кипар води битка со селекцијата на Норвешка, а победникот ќе се решава со мечот во двојки.

Прва од македонските тенисерки денеска на теренот истрча Магдалена Стоилковска која беше поразена со 2-0 во етови од Урике Еикери. Норвежанката беше подобра во текот на целиот меч и дозволи Стоилковска да освои само три гема во првиот сет (6-3) и два во вториот (6-2).

Израмнување за македонија донесе Лина Ѓорческа која беше подобра од Малене Хелго исто така со 2-0 во сетови. Мечот Ѓорческа го започна фуриозно освојувајќи го првиот сет со 6-0, додека вториот го доби со 6-2.

Мечот во двојки во кој Ѓорческа и Стоилковска ќе играат против Еикери и Хелго ќе одлучува која од репрезентациите ќе остане максимална со две победи од првите две кола.