
Бројките не лажат: Во Премиер лигата немало полош тренер од Јуриќ
Јуриќ ја активираше клазулата според која може да замине, а неговиот учинок е најлош на еден тренер во историјата на Премиер лигата.
Сезонава хрватскиот стратег беше отпуштен во Рома и во Саутемптон пристигна во декември на местото на Расел Матин во обид да го спаси тимот кој веќе беше во тешка ситуација. Сепак на крајот неговата мисија заврши катастрофално бидејќи тимот имаше и полоши резултати од претходно.
На клупата помина 108 дена и го водеше тимот во 14 натпревари во кои освои само четири бода и тоа е просек од 0.29 бодови по натпревар. Ниту еден друг тренер кој го водел тимот најмалкув во десет кола во Премиер лигата немал полош просек.
Претходниот неславен рекорд го држеше Тери Конор, екс-менаџерот на Вулверхемптон кој во сезоната 2011/2012 имаше просек од 0.31 бодови по натпревар.
Во преостанатите натпревари до крајот на сезоната Саутемптон ќе биде предводен од досегашниот помошник Сајмон Раск.