
Анчелоти го изгубил трпението со Винисиус, Бразилецот останал без важна улога
Имено, Анчелоти одлучи Винисиус веќе да не биде прв изведувач на пенали во екипата, а таквата одлука доаѓа по промашениот пенал на Бразилецот за викендот.
Винисиус беше трагичар на Реал Мадрид во поразот од Валенсија откако не реализираше најстрога казна при резултат 0-0, а Реал на крајот го загуби натпреварот со 2-1.
Според информациите на „Марка“ должноста за изведување на пеналите во Реал ќе ја преземе Килијан Мбапе.
Интересно е што последните три пенали кои ги изнуди Французинот сезонава останаа неискористени бидејќи неговите соиграчи беа непрецизни. Сега ќе има прилика сам да ги решава таквите ситуации.
За Винисиус промашениот пенал против Валенсија беше втор промашен удар во низа откако претходно не погоди и против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.