
Се враќа Лигата на шампионите: Четвртфиналето носи спектакл во Лондон!
Арсенал речиси и да нема шанси за титулата во Премиер лигата, а и Реал Мадрид не е во завидна позиција во битката во Шпанија, па поради тоа Лигата на шампионите може да им биде шанса за трофеј.
Двете екипи во натпреварот влегуваат со неуспех во првенството. Арсенал минатиот викенд ремизираше со Евертон, додека Реал Мадрид беше поразен од Валенсија.
This week 😮💨#UCL pic.twitter.com/tmbf1qIM6O
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 7, 2025
Ќе биде ова прв натпревар на двата клуба уште од 2006 година кога англискиот клуб помина во осминафиналето по 0-0 во Лондон и победата во Шпанија од 1-0.
Вториот натпревар ни носи дуел на две екипи кои се лидери во своите првенства. Германците се во проблем бидејќи нема да може да сметаат на Џамал Мусиала, а треба да се истакне дека Баерн на последните два натпревари во групната фаза во 2022 година славеше победи со по 2-0 во двата натпревари.
Двата натпревари се во вечерашниот термин од 21:00 часот.